Одржан семинар за доктори и физиотерапевти

Во организација на Фудбалската федерација на Македонија, денес во Скопје се одржа семинар за доктори и физиотерапевти кои работат во клубовите и националните селекции во системот на ФФМ.

На семинарот беа одработени следните теми:

– Допингот во спортот – предавач, Д-р Илија Стоилов

– Последици по здравјето од злоупотребата на забранетите допинг супстанци и методи – предавач, Д-р Илија Стоилов

– Меѓународен стандард за добивање на дозвола за терапевтска употреба на забранети супстанци или методи при заболувања на спортистот – предавач, Д-р Илија Стоилов

– Суплементацијата во спортот и допинг проблемите – предавач, Д-р Ханџиски Зоран

– Постапката на допинг контрола чекор по чекор – предавач, Д-р Ели Ханџиска

– Менаџирање на допинг прекршоци и санкции за истите, предавач Адвокат Марија Спиреска

– Нега и лекување на стапала, нокти и кожни болести на стапала – предавачи/претставници од др.Ваис

Евалуацијата на стекнатите познавања од областа за допингот во спортот беше изведена со дискусии и обработка на случај при сторен прекршок на Анти-Допинг правило. Учесниците на семинарот главно беа запознаени со материјата која се обработуваше. Истото се потврди и во одговорите на писментите прашања кои ги одговараа на крајот од семинарот. Сите учесници и практично ја пополнија потребната апликација за добивање дозвола за терапевтска употреба на забранети супстанци во случај на заболување на спортистот, кога мора да се користи забранета супстанца.

Беше поделен и материјал за спортистите во форма на флаери и книгата „Не за допингот во спортот“ од д-р Илија Стоилов, каде е обработена материјата за допингот во спортот и е наменета за докторите физиотерапевтите и тренерите кои работат со спортистите.