СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т. (29) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотична дрога“.
На 24-ти август минатата година околу 08.50 часот од страна полициски службеници во Струга во напуштен објект затекнати бил пријавениот и лицата З.Ш. (46) од с.Радожда и М.К. (43) од с. Велешта, како се одаваат на уживање на наркотична дрога и шприц со 13мл. мешавина на метадон и дијазепам.
Од преземени мерки утврдено е дека пријавениот претходниот ден го набавил метадонот од Дневниот центар за зависници во Охрид.