Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес- конферениција, на која истакна:
„Почитувани граѓани,
Ветивме дека ќе ја обелодениме Вистината за Македонија и денеска продолжуваме.
Како што рековме, секое следно објавување докази ќе биде пошокантно и позапрепастувачки за Република Македонија. Затоа што, тоа што го правеле Груевски и групата околу него, со своите граѓани, со државата, со медиумите, со политичките противници е грозно и оди до граници што нормален човек не може ни да ги замисли.
Овој разговор што го слушнавте е ден по изборите, кога е уапсен Бошкоски.
Но уште на денот на изборите, Мијалков му го најавува на Латас ова што се случува потоа.
Следните два разговора се класичен доказ како братучедот на Груевски, Сашо Мијалков нарачува што и како ќе се прикажува по телевизиите. Личната и фамилијарна одмазда кон Бошкоски не завршила со неговото апсење. Љубе мора да биде понижен. Ова му го нарачува Мијалков на Латас.
Разговорот на сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов со Сашо Мијалков, ја потврдува јавната тајна дека Милајков менаџира со телевизиските прилози. Но овој разговор е доказ и на нешто уште пострашно, дека Бошкоски е апсен за одмазда.
Во меѓувреме Мијалков и Јанкулоска менаџираат и `се друго во државата. Следниот разговор на Јанкулоска со шефот на Кабинет на Груевски, Протогер, открива колку не се случајни сообраќајните контроли по патиштата, посебно во време на протести, открива со што се занимава МВР.
Едноставни се решенијата, технички преглед и готово, учество во протестот е спречено.
Злосторството и местењето на власта не завршува со ставањето на Бошкоски зад решетки и со нарачаните понижувачки снимки по телевизиите. Гордана Јанкулоска и Мартин Протогер договараат и што да подметнат да оди на телевизија, под превезот “Дознава Канал 5“. Слушнете.
Слушнавте дека братучедите, Груевски и Мијалков, масовно прислушувале. Слушнавте каков упад направиле во правосудството, како масовно местеле судии, како нарачувале судско-обвинителски пресуди. За правосудтсвото ќе видите уште многу во деновите што доаѓаат.
Но, ова што денеска ќе го слушнете е ужас!
Од разговорите ќе ви стане јасно на што `се се подготвени братучедите Груевски и Мијалков со неколкумина нивни соработници. Какви заложници сме сите во сопствената држава, во којашто нема судство, нема полиција, нема систем, туку се e инструирано и диригирано од таа мала група, фамилијата на Никола Груевски. За што? За лични цели и за одмазда!
Почитувани граѓани,
Денеска пред целата јавност во Македонија го откриваме политички монтираниот случај со Љубе Бошкоски.
Ќе слушнете како однапред било испланирано апсењето на Љубе Бошкоски. Ќе видите како режисерите на сценариото: директорот на УБК, Мијалков, министерката за внатрешни работи Јанкулоска, шефот на Кабинет на Груевски, Протогер, нечовечки и сеирџиски во соработка со главниот и одговорен уредник на Сител, Драган Павловиќ Латас и сопственикот на Канал 5 ТВ, Емил Стојменов, го потготвуваат филмот апс на Бошкоски, за негово целосно понижување, а јавноста и гледачите да бидат ужаснати од тоа што ќе го видат.
Бидејки разговорите ги објавуваме без каква било интервенција, така како што биле водени, однапред ви се извинуваме за вулгарностите во аудио материјалот што ќе ви биде презентиран. Тоа е начинот на однесување и говорот на овие луѓе кои се на власт.
Бидејки еден од најприслушуваните од Груевски и Мијалков е Драган Павловиќ Латас, од неговиот разговор со Мијалков се дознава дека директорот на УБК, Сашо Мијалков, уште на денот на апсењето на Бошкоски, знае на колку години затвор Љубе Бошкоски ќе биде осуден.
Замислете какви луѓе се овие. Местат наводни информации преку телевизиите, дури договараат и во која форма да одат, под формулацијата “Дознава Канал 5“ – дека Љубе Бошкоски сакал да го продаде името на државата. Такви сценарија секој ден користат и тоа најдиректно го признаваат. Врв на целиот хорор филм што го прават околу Бошкоски е разобилчувањето на нивната главна цел, да се преземе партијата на Љубе Бошкоски, и, внимавајте кој збор го користат – да се “сотрат“ сите кои не се нивни. Да ги “сотрат“ сите кои не се нивни – ете тоа е големата идеја на ова ВМРО-ДПМНЕ!
Во таа акција се друго им е неважно.
Еве од овој последен разговор што ќе го слушнете помеѓу Јанколоска и нејзиниот помошник и портпарол во МВР, Иво Котевски, кога станува збор за новинарска информација дека дете е убиено на плоштад, тоа е загинатиот Мартин Нешковски, јасно е дека за Јанкулоска и за Котески тоа не е важно. Важно им е колку “насилни“ снимки ќе оделе по вестите, а новинарите се наречени со погрден збор. Слушнете.
Ете овие луѓе, Груевски, Мијалков и неколкумина нивни соработници ги окупираат животите на граѓаните со прислушување. Ги злоупотребуваат институциите за некого да “сотрат“, да стават во затвор, за се покажуваат и да се чувствуваат големи со овие невидени уставни и законски прекршувања на нивните должности и овластувања. Со тоталната медиумска контрола прават сценарија и филмови од реланоста.
Знаеме дека немаат одговорност. Видовме дека немаат срам. Денеска целата јавност е сведок дека овие луѓе немаат ни малку човечност во себе.
Секое ново објавување докази и аргументи ја разјаснува сликата за тоа какви нелуѓе владеат со Македонија. Со `се она што следува ќе ви станува уште појасно.
Да ја сотрат Македонија нема да дозволиме. Ветуваме дека ова никогаш повеќе нема да се случи во Република Македонија.
Продолжуваме…“– истакна Заев.
Извор: www.sdsm.org.mk