Денеска се оддржа состанок на Координативното тело за превенција од природни непогоди. На состанокот се разгледуваше моменталната хидролошка состојба во Република Македонија и беа предвидени потребните мерки за превенција во наредниот период.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, во недела во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд од 20л/м2 до 40л/м2. Исто така, согласно прогнозата во среда се очекуваат нови врнежи од дожд со интензитет од над 30л/м2. Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови на Република Македонија.
Исто така, беа дадени насоки на водостопанските организации, кои стопанисуваат со браните за регулирано испуштање на вода од истите.
Состојбата се следи од сите надлежни институции, и за ваквата прогноза се известени сите ЕЛС со цел навремено преземање на соодвени превентивни мерки.