Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитика до поглаварот на МПЦ – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, до Синодот и до сите граѓани кои го празнуваат денешниот голем христијански празник Велики поклади – Прочка.
„На вас и на сите граѓани кои го чествуваат денешниот голем ден Прочка, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, пожелувам празничен ден во духовен мир и семејна хармонија.
Денешниот голем христијански празник Прочка, ден на меѓусебното простување, нека `не обедини во желбата за заеднички спокоен живот, на сите нека даде поттик во определбата да се биде вистинољубив, правичен и храбар во одбрана на овие универзални човекови вредности, бидејки тоа е патот до здрава општествена заедница во којашто ќе живеат достоинствени граѓани кои ќе се почитуваат, надградуваат, мотивираат и разбираат меѓу себе“.-се вели во честитката.