Откриени извршителите на кражбите во театарот „Комедија“ и Албанскиот театар

СВР-Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата Д.Ф. (20) кој се сомничи за извршени седум кривични дела – “тешка кражба“ , Д.О. (23) , Б.С. (23) и М.Б. (16) за извршени по три кривични дела – “тешка кражба“, како и против лицата И.Н. (21) за едно кривично дело “тешка кражба“ казниво по чл.236 од КЗ на РМ и Р.С. (44 ) , Р.С. (30 ) и Г.А. (16) кои се сомничат за сторено кривично дело – “прикривање“ предвидено и казниво по чл. 261 од КЗ. Пријавените, кои кривичните дела ги извршиле во периодот од април минатата година до февруари годинава (четири на подрачјето на Бит Пазар и три на подрачјето на Центар) се проценува дека притоа се стекнале со противправна имотна корист од околу 2.614.637 денари.

Имено, според документираните сознанија од истрагата, пријавените тешките кражби (една во стан и две во куќи) ги вршеле во вечерните часови откако ќе се увереле дека нема да бидат забележени и со употреба на сила и погоден алат влегувале во објектите од каде што одземале разни предмети: сервиси тањири , вилушки, разна гардероба и алати, а во еден случај однеле и 130 килограми бакар и околу 70 килограми месинг. Украдените предмети ги препродавале на пазарот за стари работ на Кале а дел и на пријавениот Г.А., а парите ги трошеле за свои потреби.

Потоа тешките кражби во останати објекти и тоа две во театар (односно Театарот Комедија и Албански театар) и една во фирмата Репро Принт ДООЕЛ Подружница на „Нова Македонија“ на ул. „Васил Ѓоргов“ ги извршиле на тој начин што со употреба на физичка сила и насилно влечење ги откорнувале металните заштитни решетка кои била поставени на прозорите а потоа го кршеле и го отворале прозорците се прекачувале и влегувале во објектите. Таму вршеле пребарување и претурање при што одзеле телевизори, ДВД плеер, тв ресивер, три мечеви, 12 лап-топ компујтери, разна фотографска опрема (апарати, торбици, објективи, блицеви и друго), а потоа го напуштале местото на настанот. Украдените предмети ги носеле во населбата Шуто Оризари и ги продавале на пријавениот Р.С. за многу пониска сума од реалната, а добиените пари ги поделиле и ги потрошиле за свои лични потреби. И последната тешката кражба во моторното возило е извршена од страна на првопријавениот Д.Ф. на тој начин што со употреба на подесен алат и физичка сила ја отворил совозачката врата од возилото влегол внатре го откорнал и го одзел радио ЦД-то, и истото го однел во населба Шуто Оризари и го продал на пазарот, а парите ги потрошил за свои лични потреби.

Врз основа на наредба на Основен Суд Скопје 1 -Скопје извршен е претрес во домот на пријавениот Р.С. при што кај него се пронајдени дел од украдените предмети кои со потврди се одземени и истите се вратени на оштетените. Инаку Д.Ф. е познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти за што досега му се поднесени шест кривични пријави, исто така и на Д.О поднесени му се четири кривични пријави од областа на имотните деликти, а кривично пријавувани преходно се и Б.С. (една кривична пријава, И.Н. тринаесет кривични пријави, Р.С. една, и М.М. две кривични пријави.