Индекси на цените во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 8.3%, а кај аутпутот намалувањето е за 2.2%.

Во јануари 2015 година, во споредба со јануари 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 91.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.6.

Во делот аутпут, во јануари 2015 година, во споредба со јануари 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99.5.