Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

На патниот правец Лакавица-Неготино на 7км. над село Лескоица има пропаѓање на патот од 200м на кој е извршена санација. Поставена е содветна сигнализација за внимателно управување со возилата. 

На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози и остатоци од кашест снег на повисоките места. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Буково, Ѓавато и Пресека. Во Крушево врнежите се од дожд и снег. 

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.