ЈП „Нискоградба“ со активности на повеќе локации низ градот

Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска изведува градежни активности на неколку локации низ градот.

На улицата „Коста Абраш“ се врши нивелирање на калдрмата. Се поставува тампон подлога и се прередуваат камените коцки. На улицата „Никола Карев“ кај Историски архив се поставува бехатон подлога на тротоарот, додека на ул. „Кузан Јосифоски – Питу“ се врши санација и нивелирање на шахтите од мрежата за одведување на отпадни води.

Покрај овие активноси ЈП „Нискоградба“, врши контрола и прочистување на пумпните станици „Канео“, „Мал плоштад“ и пумпната станица „Рача“.

niskogradba_aktivnosti_4002 niskogradba_aktivnosti_4001 niskogradba_aktivnosti_400