Учениците од германската паралелка од V одделение при ОУ „Григор Прличев“ заедно со професорките по германски јазик Моника Сасанска и Ивана Маховска учествуваа на карневалот во Прилеп.
„Нивните креативни идеи беа реализирани благодарение на Гете-Институт и помошта и соработката на родителите. Учесниците на карневалот среќни што се дел од целата манифестација, уживаа во секој момент и достојно го претставија нашето училиште.“- велат од училиштето.