Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 828 724 МWh електрична енергија, 25.448 мил. nm3 природен гас, 513 351 тони јаглен и 79 524 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 62.9% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97.5% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.