Трошоци за заштита на животната средина

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2013 година изнесува 7 556 048 илјади денари. Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2013, којшто е 499 5991) милиони денари, изнесува 1.5%. Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (43.0%), потоа учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода (29.8%) и трошоците за заштита на воздухот (10.4%). 

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоците за заштита на животната средина изнесува 53.3%, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животна средина изнесува 46.7%. Учеството на инвестициите во средства за заштита на животната средина во инвестициите за основни средства, коишто изнесуваат 117 3821) милиони денари, изнесува 3.4%. Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители 5 191 711 илијади денари, односно 68.7%. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 45.6% се наменети за инвестиции, а 54.4% се за одржување на средствата.