По налог на општинскиот инспекторат се расчистува крајбрежниот појас на Охридско Езеро на потегот од западната страна од охридското Кале до вливот на река Грашница. Езерските води на површина имаат исфрлено големи количини неразградлив комунален отпад: пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад (ќе се подигнат 4 м3), пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад.
Кај малото пристаниште пред х.Палас синоќешниот ветер од јужен правец натрупа големи количини отпад : трска и друг вид комунален отпад, кој се расчистува рачно од езерските води.
Се расчистува месноста Арбатица во с.Лескоец (патот кој води до манастирот „Св.Петар и Павле”, каде поради искршени багремови гранки е оневозможена нормалната проодност на патот. Оваа активност се извршува по налог на општинскиот инспекторат .