Жителка на охридско пуштила во оптек фалсификувана банкнота во продавница во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Р. (27) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 17.01.2017 година во продавница во Битола пријавената платила со фалсификувана банкнота во апоен од 1.000 денари. Од извршената анализа од страна на НБРМ со акт од 22.02.2017 година е потврдено дека предметната банкнота е фалсификат.

повеќе...

ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец – домаќин на општинскиот натпревар по математика 2016/17

Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец денес беше домаќин на 4-иот општински натпревар по математика за основно образование, организиран од страна на домаќините на натпреварот ОУ „Ванчо Николески“ и наставничките по математика Цвета Андреска и Весна Симоноска и Здружението на математичари – Охрид и претседателот на здружението Борис Лушески, во соработка со Сојузот на математичари на Македонија. На општинскиот натпревар по математика учествуваа 128 ученици од сите основни училишта во Охрид од IV – IX одделение, а најдобрите од нив ќе учествуваат и на претстојниот регионален натпревар што ќе се одржи…

повеќе...

Пронајден мртов 66 годишен жител на Лескоец

Вчера околу 18:30 часот во с.Лескоец-охридско, во сопствената куќа, бил пронајден починат П. В. (66), кој бил државјанин на Р.Македонија и Австралија. Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од ИМП. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено за обдукција.

повеќе...

Основци од „Ванчо Николески“ дел од третиот Меѓународен фестивал за сценски минијатури во Лесковац

Група ученици од шесто одделение од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец беа учесници на третиот меѓународен фестивал за сценски минијатури во Лесковац, Р. Србија. Вкупно 9 ученици под водство на менторите Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Александра Трпеска, на сцената се претставија со музичкиот перформанс „Оставете ни ги крилата“, со која на еден модернистички начин покажаа отпор кон гушењето на индивидуалноста на единката и испратија порака дека секому треба да се дозволи да ги „употреби своите крила“. Сценографијата и костимографијата беа креација на самите учесници и менторите. Настапот на учениците…

повеќе...

Новинарска екипа од AVE Media од Белград во посета на ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец

Во рамки на Lion Quest програмата „Вештини за адолесценција“, која се спроведува во организација на UNODC (Канцеларијата од обединети нации за превенција од дрога и криминал), денес со ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец престојуваше новинарска екипа од продукциската куќа од AVE Media од Белград, со цел снимање активности и работилница со ученици вклучени во оваа програма. „Вештини за адолесценција“ е програма која од ноември 2015 година се реализира во сите основни училишта во Охрид, со избрана група ученици од предметна настава. Целта е преку интерактивни работилници, прилагодени активности, дискусии и…

повеќе...

ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец деновиве живее во духот на својот патронат

Во рамки на одбележување на патрониот празник на ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, денес со пригодна програма во употреба беше пуштена просторија за работа со ученици со посебни потреби. Целосното реконструирање на постоечката просторија, изградбата на посебно катче за учениците со посебни потреби, како и опремување на истото, беше проект кој се реализира благодарение на донација од ДООЕЛ „ЛТХ Леарница“. „Оваа просторија е повеќенаменска, така што освен како катче за учениците со посебни потреби, може да се користи и за други активности, што ги имаме многу“ – велат од училиштето.…

повеќе...

Избувнал пожар во фабрика во Охрид

Вчера околу 22:40 часот во с.Лескоец – Охрид, настанал пожар во погон за производство на дрвени врати ДООЕЛ„Бирол“, сопственост на З.Б.(1969) од Охрид, при што била причинета поголема материјална штета. Пожарот е изгаснат од екипи на ТППЕ-Охрид. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

повеќе...

Основци од „Ванчо Николески“ од Лескоец во посета на Локалната самоуправа

Ученици од II, III, IV и V одделение од ОУ „ Ванчо Николески“ од Лескоец и од подрачните училишта во селата Куратица, Косел и Ливоишта, денеска беа во посета на Општина Охрид. При посетата, која е дел од практичната настава по предметот „ Општество“, учениците се интересира за функционирањето на Локалната самоуправа, изборот и надлежностите на градоначалникот, Советот на општината и работата на локалната администрација.

повеќе...

Охриѓанец го загуби животот во сообраќајка на улица „15-ти Корпус“

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на улицата „15 ти Корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место почина Иван Н. (74) од Охрид. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот движејќи се по улицата, на коловоз бил удрен од патничко моторно возило марка „Хундаи Гец“ со охридски регистарски таблици кое се движело во правец кон селото Лескоец. На критичното место, на уличниот коловоз се случил удар со предниот дел од возилото врз сега починатиот. Тука, набрзо пристигнала медицинска…

повеќе...

Средби на Груевски со локалното население во охридско

Во рамки на работната посета на Охрид премиерот Никола Груевски ја предаде во употреба целосно реконструираната улица „Ристо Чадо“ во населбата Видобишта каде оствари и срeдба со локалното население при што разговараше за нивните секојдневни потреби и проблеми. Меѓу прашањата што му беа поставени беше и проблемот на семејството од Охрид со осум деца, кое живее во субстандардни услови во една од бараките што наскоро ќе бидат урнати. Притоа, премиерот во консултација со директорот на ЈП за стопанисување со деловен и станбен простор Цветко Грозданов се информираше за начинот како…

повеќе...