Прекин во водоснабдувањето на улица „Туристичка“

Од МЈП „Проаква“ РЕ Водовод –Охрид, информираат дека денеска во период од 10 до 12 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на Булевар „Туристичка“ во зградата на Трим-лум, поради промена на водомерите и шиберите.

Промена на водомери и шибери ќе се врши и на улиците: „Шар Планина“ , „Сирма Војвода“ и „Абас Емин“ како и во селото Велгошти.