Делегација на ОО на СДСМ положи цвеќе пред спомен плочата на Марко Бошњаков

Делегација на ОО на СДСМ Охрид денес положи свежо цвеќе пред спомен плочата на Марко Бошњаков, пред неговата родна куќа. Оддавањето чест на славниот охридски гемиџија се реализираше по повод одбележувањето на 107 годишнината од неговата смрт.

„Неговите дела, идеали и верувања останаа врежани во колективното сеќавање на охриѓани и се вечна инспирација за сите генерации на нашиот старозамански град.“- велат од ОО на СДСМ Охрид.