Македонија У19 ќе оди на победа против БиХ

Селекторот на репрезентацијата до 19 години, Алексо Мацков го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Босна и Херцеговина во Модриќ на 16-ти април и во Градачац на 18-ти април. За контролните натпревари ќе конкурираат 20 фудбалери.

“Двата натпревари против БиХ ќе ни дадат појасна слика за фудбалерите кои треба да бидат носители на играта на селекцијата во септемвриските квалификации за ЕП. Сеуште сме во фаза на формирање репрезентацијата, според планираното сите “коцки” треба да ги составиме до месец мај кога треба да го имаме финалниот список од 22-ца играчи. Натпреварите против БиХ се добра прилика да потврдиме кои се нашите добри страни и што ни недостасува. Одиме да се надигруваме, се надевам на позитивен резултат”, изјави селекторот на репрезентацијата, Алексо Мацков.

ГОЛМАНИ:

Шишковски Дамјан -ФК Работнички

Алексовски Игор – ФК Македонија ЃП

ОДБРАНА:

Зајков Ѓоко – ФК Работнички

Талевски Виктор -ФК Ајнтрахт Франкфурт

Глигуровски Ѓокица – ФК Вардар

Барди Енис – ФК Албарса

Ристевски Филип –  ФК Металург

Трајковиќ Стефан – ФК Луцерн

Асани Јасир – ФК Вардар

СРЕДЕН РЕД:

Велковски Дарко -ФК Работнички

Христов Христијан -ФК Металург

Бојку Бесмир -ФК Македонија ЃП

Митров Михајло -ФК Металург

Наумовски Јорданчо – ФК 11 Октомври

Стоилов Ѓорѓи -ФК Хоризонт

Демир Имери -ФК Работнички

Костовски Христијан -ФК Македонија ЃП

Малиќи Едис – ФК Работнички

НАПАД:

Мустафа Енис – ФК Албарса

Марковски Кире – ФК Работнички

Нашата репрезентација се подготвува за септемвриските квалификациите за пласман на Европското првенство. Во нашата група од квалификациите кои ќе ги организираме во нашата земја се Црна Гора, Турција и Фарски Острови.