Кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.К.(20) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

На 5-ти јануари годинава на ул. „Партизанска“ во Охрид е извршен преглед над пријавениот и уште едно лице од Охрид, при што пријавениот позади него фрлил хартиена паковка во која имало 0,76 грама марихуана.