Индекси на прометот во секторот Трговија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јануари 2015 година, во споредба со јануари 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6.2%, а реално за 6.1%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 0.6%, а реално за 0.8%).

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 3.8%, а реално за 7.9%).