Како и секоја учебна година, така и оваа 2014/15, ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, учествува на повеќе натпревари во знаење и спорт. Во саботата, ученици од IV до VIII одд. од ОУ „Живко Чинго“ учествуваа на општинскиот натпревар по математика на ниво на општина Охрид, што се одржа во просториите на ФТУ – Охрид, при што постигнаа солидни резултати.
Ученикот Јован Маркоски од IVб одделение, под менторство на наставничката Гордана Цановска, освои второ место, а ученичката Анастасија Кецкароска од IVа одделение, под менторство на наставничката Билјана Пулеска, освои трето место. Исто така ученичката Екатерина Бочвароска од VI одделение, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска го освои третото место.
Вработените од ОУ „Живко Чинго“ упатуваат честитки до сите наградени ученици на ниво на општина Охрид, со желба за понатамошни успеси!
WebOhrid