Нови три кривични пријави од СДСМ против шест функционери од власта

Денеска СДСМ поднесе нови три кривични пријави против шест функционери од власта,  Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, како и против градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, изјави  Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ. 

„Кривичните пријави се поднесени за различни кривични дела кои произлегуваат од содржината на досега објавените разговори.

Настаните што се опфатени со кривичните пријави се:

-Прекршување на правила и прописи при апсењето на Љубе Бошкоски
-Незаконско рушење на објектот Космос и
-Договарањето бркање од работа на политички неистомисленици по парламентарните избори 2011 година

За сите наши натамошни активности, дополнително ќе бидете известени.“– рече Николовски.