Државата денеска исплати 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда. Министерството за финансии ги префрли средствата на сметките на 15.663 сточари.
Поддршката по обележано грло говедо изнесува 2.800 денари.
„Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделствот како една од носечките гранки на македонското стопанство со поголем број мерки, во кои се вбројуваат и исплатата на субвенциите“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.