Вечерва собир на граѓани од УЗ „15-ти Корпус“

Се известуваат граѓаните жители на Урбаната заедница 15 – „15-ти Корпус“ дека денес(четврток) со почеток во 19:00 часот ќе се одржи Собир на граѓани, жители на Урбаната заедница 15 „15-ти Корпус“ за избор на членови на Совет на Урбана заедница.

Собирот на граѓани е свикан од страна на Градоначалникот и објавен на ден 16.02.2015 година.

Собирот ќе се одржи во просториите на општина Охрид сала 1.