„Охридска поетска китка“ во градската библиотека

Во Прличева одаја при Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“- Охрид утре ( петок), со почеток во 12: 00 часот ќе се одржи поетската манифестација „Охридска поетска китка“.

На настанот ќе учествуваат Елена Ангелоска, Даниела Илијоска, Зорица Илијоска, Роза Костеска, Наташа Митреска, Маја Мојсова и Жаклина Ристоска.