Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, изнесува 101.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, бележи опаѓање од 9.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 16.8%.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 5.7%, Капитални производи за 44.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 12.7%.