Опасно свлечиште на патот Елешец – Елшани

Опасно свлечиште над кампот Елешец, на патот за Елшани ги демне и ги загрозува елшанци и сите други патници, жители и автомобили кои заминуваат за Елшани или доаѓаат оттаму.

Ова место е веќе традиционална опасност последниве десетина и повеќе години, особено во вакви временски услови и време е надлежните да преземат нешто посериозно за трајно да се реши овој проблем кој, само по некоја чиста случајност, досега не направил поголема материјална или, недајбоже, човечка жртва. За да не дојде до такви несакани последици, елшанци замолуваат и барааат од надлежните итно да се реагира.

WebOhrid/Димче Донески