Поради остатоци од снег на коловозoт, забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар на патниот правец М.Брод-Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска река, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила.
Патен правец Р1205 Пробиштип-Крупиште кај м.в.Плочи кај с.Неокази, поради појава на вдлабнатина на левата коловозна лента гледано во правец на Пробиштип-Крупиште сообраќајот се одвива наизменично само по десната коловозна лента.
Укината е забраната за движење на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка.
На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.
Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со среден интензитет има низ цела Македонија.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март. Повеќе информации за зимската опрема ќе најдете на овој линк.