Вчера во Охрид на ул. „Булевар Туристичка“ во стан сопственост на Р.З.(57), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што делувал на влезната врата од станот, влегол внатре, извршил пребарување и одзел околу 6.000 евра, околу 2.000 денари, разновиден златен накит и еден рачен часовник, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.