Заврши уредувањето на дрворедот по улицата „7-ми Ноември“

Денеска екипите на „Паркови и зеленило“ ќе завршат со акцијата за средување на дрворедот по ул. „7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика „Отекс” до ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски” – Охрид. Извршено е санирање на вкупно 86 стебла од постоечкиот дрворед од јавори, лево и десно од коловозот, со уредување на крошните и кастрење на гранките.

Следна планирана активност согласно Програмата за јавно зеленило за оваа година на територијата на општина Охрид е уредување на дрворедот покрај пешачката патека по „Кеј Македонија”.

Екипите на „Паркови и зеленило“ активно се вклучени во активностите за уредување на новата пешачка патека која Локалната самоуправа ја гради после каналот „Студенчишта“.

IMAG08941 IMAG08933 2015-03-11-08.52.522