Заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и амбасадорот на Франција Н.Е. Лоренс ОЕР ќе се обратат на отварањето на семинарот за управување со водите кој што ќе се одржи денес (четврток), во Конференциската сала на Секретаријатот за европски прашања (стара зграда на Комерцијална Банка), со почеток во 9:00 часот.
Во рамките на настанот, министерот Изаири и амбасадорката ОЕР ќе потпишат Административен договор за соработка меѓу Министерството за екологија, одржлив развој и енергетика на Република Франција и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
Семинарот е организиран како техничка помош од страна на Република Франција за Република Македонија.