Во пресрет на 7-ми мај, Денот на македонската полиција, СВР Охрид организира турнир во мал фудбал. Оваа спортска манифестација е дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид ќе го одбележи денот на полицијата.
Фудбалскиот турнир започнува денес во 14:00 часот во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ каде по систем ќе се одигруваат по два натпревари дневно.
На фудбалскиот турнир учествуваат вкупно пет фудбалски екипи од сите служби во СВР Охрид.
Финалните средби ќе се одиграат на денот на македонската полиција 7-ми мај.