Одржана средба помеѓу претставници на СВР Охрид и ЈП „Градски пазар“

Засилени полициски мерки на превентивен план, физичко обезбедување, воспоставување на видеонадзор и подобрување на осветлувањето на градскиот пазар, се главните заклучоци што беа донесени на вчерашната средба на претставници на отсекот за превенција при СВР Охрид со претставниците на јавното претпријатие „Градски Пазар“, со сопствениците на трговски објекти и корисниците на тезги.

Состанокот беше организиран во рамките на Акциониот план за реализација на проекти изготвен од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а во состав на проект„Бизнисот и безбедноста“.

Целта на состанокот е договарање на превентивни мерки за превенција на тешки кражби и кражи во згодна прилика како и бележење сугестии, идеи и размислувања на засегнатите субјекти корисници на деловни објекти и простори во градскиот пазар.

Во рамките на проектот „Бизнисот и безбедноста“, предвидено е ваквите средби да продолжат со цел интензивирање на превентивните мерки кон елиминирање на кражбите и другите имотни деликти како и и подигнување на повисок степен на безбедносната состојба на подрачјето.