Мажот добил повик од болница и дознал дека жена му е тешко повредена во сообраќајна незгода… веднаш дотрчал во болница и го пронашол дежурниот лекар…
– Докторе, ве молам кажете ми, што и е на жена ми!?
– За жал… имаме лоши вести… вашата жена е тешко повредена… ќе остане парализирана!
– О, не! Како е можно тоа докторе!?
– Ќе остане целосно парализирана… за жал, тоа значи дека ќе треба да ја храните…
Човекот почнал да плаче…
– Се разбира… ќе треба да и менувате и пелени, и тоа најмалку 5 пати дневно…
Човекот почнал да се тресе и уште повеќе да плаче…
– Освен тоа ќе треба да ја преслекувате редовно, да ја капете…
Човекот паднал на земја, почнал да вика, а докторот го фатил за рамо и му рекол:
– Абе се зезам… мртва е!!!