Работилница за брендирање на производи, услуги и региони

На 13 и 14 март, се одржа работилница на тема „Брендирање на производи и региони“. Учесници на работилницата беа група на заинтересирани страни од прекуграничниот регион „Преспа“ на ABDA програмата, финансирана од програмата „People to People“ на ЕУ. Иницијатор на дводневната обука беше општина Охрид како водечки партнер во проектот, а директно учество зедоа земјоделските производители, претставници на туристичкиот кластер, невладиниот сектор од Охрид, како и претставници од општина Ресен, претставници на Факултетот за земјоделие од регионот Корча – Република Албанија, невладиниот сектор и Институтот за иновативни технологии од Корча.

На работилницата се дискутираше за постапката како се доаѓа до брендирање на производот, ознаките и обележја на производот. Исто така беше разговарано за постапката за брендирање на регион со цел за негово препознавање и тоа не само како територија туку и како туристичка и економска целина и дестинација во рамки на Европските регионални политики за развој.

Вториот дел од работилницата беше посветен на можностите за меѓусебна партнерска соработка во рамките на ИПА 2 програмата 2014 – 2020 посебно во програмата за прекугранична соработка за социо – економски развој на регионите. Беа разгледани потенцијалните области на интервенција, новите правила и услови за апликантите, користењето на европските средства и основните информации за стратешките цели и приоритети на оваа европска програма.

Договорено е идниов период да се искористи за заедничка идентификација на проектни цели како и за меѓусебна координација на потенцијалните партнерства од двете страни со цел што поуспешна подготовка на проектни апликации кои ќе ги задоволуваат критериумите на Европската комисија.

rabotilnica_400