11-ти Фестивал на новиот германски филм во Охрид

НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на СР Германија организира Фестивал на новиот германски филм.

Фестивалот свечено ќе биде отворен вечерва, со криминалистичкиот филм „Роден во болка“, со почеток во 20:00 часот.

Во рамките на фестивалот ќе може да се проследат и филмовите:

-Феникс – драма / 11.10.2015 / 20.00 ч

-Хакери – трилер / 12.10.2015 / 20.00 ч

-Лола на грашокот – детски филм 13.10.2015 / 11.00 ч

-Спасете го Рафи – детски филм 13.10.2015 / 13.00 ч

-300 Збора Германски – комедија 13.10.2015 / 20.00 ч

Влезот е слободен.