Календарски започнува пролетта

Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува денес во 23 часот и 45 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и пет минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17:44.

Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.

За првиот пролетен ден метеоролозите најавуваат сончево време со температури до 10 степени.