Четврта година по ред Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) го претставува својот туристички потенцијал на саемот за туризам во Москва, Русија (MITT).
Повеќе од 2056 егзибитори и туристички компании како и 203 туристички дестинации ја претставија својата понуда на најважниот саем за туризам на рускиот пазар, кој се оддржува од 18 до 21 Март, 2015 година.
Претставници на АППТРМ се сретнаа со партнерите и соработниците, продолжувајќи ја одличната соработка со рурскиот тур оператор “7 Tour” кој веќе неколку години носи руски туристи во Македонија. Од минатата година започна и соработката со Руската Асоцијација на тур оператори и туристичките агенции Amigo tours и Inter-visam чии претставник е г-ца Росолин Ирина. Ирина Росолин е и основач на Здружението “Посетете ја Македонија” веб портал кој нуди тури за Mакедонија и информации за најатрактивните туристички дестинации во нашата земја.
Промоцијата на Република Македонија на овој саем е исклучително важна, искористувајќи ја можноста да се зголеми свесноста за постоењето на Македонија како туристичка дестинација во Руската Федерација. Позитивното искуство говори дека одлуката за настап на рускиот пазар е правилен избор, а за тоа говори фактот што во последните неколку години имаме зголемување на броjот на туристи од Русиja за 40%. Исто така владините мерки за поддршка на туризмот се покажаа како одлична можност за привлекување на странски тур оператори. Оваа година висината на субвенциите за рускиот пазар изнесува 65 евра по донесен турист за авионски организиран туристички промет во нашата држава.
На саемот за туризам во Москва, Република Македонија се претстави во нов дизајн на штандот и нови промотивни материјали кои имаа можност да ги видат повеќе од 50 000 посетители.