Македонија и Русија продолжуваат со интензивна и успешна културна соработка

Во срдечна и пријателска атмосфера, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски го прими амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Шчербак. За време на средбата се разговараше за културната соработка помеѓу двете земји, која беше оценета како многу добра. Амбасадорот Шчербак изрази поддршка за работата на новата Влада во првите сто дена, посакувајќи понатамошна успешна соработка. Министерот Алаѓозовски се заблагодари на поддршката и ја истакна подготвеноста на Македонија за понатамошно интензивирање и продлабочување на културните и духовните врски помеѓу двете земји. На средбата се разговараше за претстојните…

повеќе...

Денови на рускиот филм

Во рамки на манифестацијата „Денови на рускиот филм“, што Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ја организира во соработка со Кинотеката на Македонија, во Скопје ќе бидат прикажани повеќе руски филмови со воена тематика, а еден од нив ќе биде прикажан и пред охридската публика. Филмот „Белиот тигар“ на режисерот Карен Шахназаров, ќе биде прикажам во Охрид, на 15-ти мај, во 19:30 часот во амфитеатарот на Филмскиот институт во Универзитетот „Апостол Павле“. „Белиот тигар“ е високобуџетен филм, со 11 милиони долари, а е снимен за три и пол години…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со рускиот директор на Федералната агенција за туризам Корувкин

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска во Москва оствари работна средба со директорот на Федералната агенција за туризам на Руската Федерација Валери Корувкин. На средбата се разгледаа можностите за соработка меѓу руските и охридските туристички работници. Од страна на градоначалникот Бакрачески беа презентирани поволностите кои ги дава Владата на Република Македонија за групни посети на туристи во форма на субвенции, кои за руската федерација изнесуваат и до 65 евра, а се однесуваат на групи туристи кои се поголеми од 10 туристи и остваруваат минимум 3 ноќевања. Притоа, пред директорот беа…

повеќе...

Руските граѓани ќе може да гласаат на изборите за пратеници на Думата и во Охрид

Во согласност со Федералниот закон од 22 февруари 2014 годинна № 20-ФЗ „За избори на пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација“ и Указот на Претседателот на Руската Федерација од 17 јуни 2016 година № 291 „За именување на Пратениците во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација во нов состав“ на 18 септември 2016 година (недела) ќе се спроведат избори за пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација, информираат од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Со цел да се реализираат избирачките…

повеќе...

Концерт на рускиот пијанист Питер Лаул на „Охридско лето“

Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржи рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“. На програмата ќе бидат изведени дела на Ф. Шуберт, М. Мусоргски. Петр Лаул е руски пијанист чија концертна дејност се протега низ речиси сите земји во Европа, но и надвор од границите на овој континент. Настапува како солист и како камерен музичар, соработувајќи притоа со голем број значајни музички имиња и водечки оркестри. Чест гостин е и на некои на најпрестижните фестивали во Русија и Европа, меѓу кои и…

повеќе...

Руските туристи со препорака: Посетете го Охрид и хотелот „Аквалина“

Група туристи од Русија престојува во Охрид, односно во хотелот Аквалина кој се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан. Гостите беа пречекани со коктел за добредојде организиран од надлежните во хотелот. Во изјава за WebOhrid,  туристичкиот водич, Јулија Самоилова, вели дека за разлика од другите земји кои ги посетиле, туристите се премногу задоволни и од Охрид и од хотелот Аквалина, од односот, гостопримството на хотелот, од изгледот на собите, од организацијата, од храната и начинот како ги дочекаа домаќините.  „Јас веќе по втор пат сум тука, запознаена сум со убавините на Охрид, но првпат…

повеќе...

Во Охрид отворен почесниот конзулат на Руската Федерација

Во Конгресниот центар кај населбата Коњско, денеска свечено беше отворен почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Во присуство на претставници на дипломатскиот кор, Министерството за надворешни работи, Македонската православна црква, Локалната самоуправа и бројни гости, амбасадорот на Руската Федерација Олег Николаевич Шчербак, на почесниот конзул проф. д-р Велимир Стојковски му го врачи указот за назначување , по што следеше отворање на почесниот конзулат. Со отворањето на почесниот конзулат во Охрид, традиционалните добри односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација, како што беше речено на свеченоста, ќе се продлабочуваат во…

повеќе...

Отворен Руски центар во рамките на скопскиот Универзитет

Во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје почна да работи Руски центар за изучување на рускиот јазик, литература и култура. Отворен е од фондацијата „Руски мир“ која има мрежа од вакви центри низ цел свет. Македонија е 46-та земја која добива Руски центар, а тој е 106-та членка во мрежата. УКИМ почна да го реализира овој проект пред две години со поддршка од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. Тој е четврти центар за јазици на УКИМ по центрите за италијански, турски и за кинески јазик. На…

повеќе...

Делегација на општина Охрид во посета на неколку градови во Русија

Делегација на општина Охрид, составена од заменик градоначалникот Ангел Јанев, советникот Јован Стојаноски и Горан Устијаноски, капетан од Охридската капетанија ги посети градовите Твер, Подолск и Москва во Русија. При посетата на Твер, каде свечено беше одбележана 880 годишнината од основањето на градот, охридскста делегација се сретна со градоначалникот Корозин Александар Борисович, на која се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка. Посебно беше потенцирано дека има можности за поблиски врски меѓу охридскиот Факултет за туризам и угостителство и Тверскиот универзитет, со размена на студенти и професори, како и реализирање на…

повеќе...

Ревија на руски филмови во Центарот за култура

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, во соработка со Кинотека на Македонија, Филмски Фонд на Македонија, Министерство за култура на Р. Македонија и Амбасада на Руска Федерација во Р. Македонија ќе се прикажуваат ревија на руски филмови. Ревијата на руски филмски филмови ќе се прикажува на 28-ми мај (четврток) и 29-ти мај(петок). Влезот е слободен !

повеќе...