Кривична пријава за жител од Велешта поради бесправно градење и узурпација на недвижности

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“ и „Узурпација на недвижности“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Б. (30) од струшкото село Велешта.

Пријавениот, на почетокот на годинава започнал доградба на претходно изграден објект во комплексот „Аква Блу“ во Струга на брегот на Охридското езеро.

На барање на полициската станица од Струга, во текот на месецов овластен градежен инспектор од општина Струга извршил увид. Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот – сега пријавениот Е.Б. на катастарска парцела број 2650/1 – КО Струга, на државно земјиште предвидено за плажа, на претходно изграден објект отпочнал доградба со димензии 4 х 15 метри. Градбата ја отпочнал без претходно добиено одобрение за градење со што постапил спротивно на Кривичниот законик и сторил кривично дело „Бесправно градење“ и „Узурпација на недвижности“.

Неодамна, полициската станица од Струга против Е.Б. поднесе кривична пријава за бесправно градење бидејќи на почетокот на годинава, без одобрение за градба започнал да гради објект за одгледување на добиток кој се наоѓа на јужната страна на магистралниот пат Струга-Охрид.