Врнежите продолжуваат – вреќите остануваат!

Сеуште е свежо сеќавањето на обилните врнежи од снег, а особено од дожд, кои предизвикаа поплави низ речиси цела Македонија. Многу наши сограѓани директно се соочија со таква елементарна непогода, а останатите бараа превентивен начин како да се заштитат од надојдените води.

Иако имаше период на суво, сончево и стабилно време, оттогаш па се до денес, нашите сограѓани сеуште ги чуваат заштитните насипи. Таков е и овој случај на улицата „Мирче Ацев“, а бидејќи врнежливото време е вообичаено за пролетта, тогаш можно е овие вреќи да останат уште малку подолго.

WebOhrid