Министерството за образование и наука распишува јавен повик за избор на „Најдобра училишна веб страна“

Министерството за образование и наука распишува јавен повик за избор на „Најдобра училишна веб страна“.

I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

1. Секое основно и јавно средно училиште во Република Македонија може да учествува при изборот за најдобра училишна веб страна во една од двете категории: основно училиште и средно училиште.

2. Секое основно и јавно средно училиште во Република Македонија на повикот за најдобра училишна веб страна може да учествува со пријавување на само една веб страна.

3. Веб страната мора да е изработена од страна на редовни ученици во училиштето, предводени од најмалку едно лице вработено во училиштето – наставник.

4. Веб страната која ќе учествува во изборот треба да се однесува на самото училште.

5. Нема ограничување во користење на платформи за развој на веб страна.

6. За изработка на веб страната не смее да се користи готов урнек (template).

7. Изработената веб страна може, но не мора да биде поставена на интернет.

8. Навигацијата и содржината на веб страната мора да бидат на македонски јазик. Доколку училиштето сака да има навигација и/или содржина и на друг јазик мора да обезбеди повеќејазичност на веб страната.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

1. Пријавување за учество. Целосната пријава се состои од:

• Пополнети обрасци: „Основни податоци“, „Податоци за веб страната“ и „Изјави“ (приложени во оперативен план и упатство за „Избор на најдобра училишна веб страна“), кои се потпишани од директорот на училиштето. Оперативниот план и упатство за „Избор на најдобра училишна веб страна“ се наоѓа тука.

• Изработена веб страна

Нецелосните и ненавремено доставените пријави нема да бидат земени во предвид.

2. Начин на поднесување на целосна пријава

Пополнетите обрасци и изработената веб страна (на ЦД/ДВД) треба бидат испратени по пошта на: Министерство за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54 1000 Скопје, Република Македонија со назнака „Избор на најдобра училишна веб страна“

3. Рок за поднесување на целосна пријава:

Краен рок за прием за прием на пријавите е 31 мај 2015 година.

III. НАЧИН НА ИЗБОР

Изборот го организира Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за информатичко општество и администрација.

Стручна комисија ги разгледува и рангира пријавите. Јавно ќе биде објавена листа на сите учесници на натпреварот. Најдобро рангираните ќе бидат повикани на јавен настан на кој ќе ги презентираат своите веб стани по што ќе биде прогласена најдобрата училишна веб страна (посебно за основни и посебно за средни училишта) за учебната 2014/2015 година.

IV. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

Министерството за образование и наука на прворангираните училишта (посебно за основно и посебно за средно образование) ќе им додели пофалница како и по една интерактивна табла која ќе биде обезбедена со годишната набавка на интерактивни табли за учебната 2015/2016.

На останатите учесници ќе им бидат доделени пофалници.