Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници на Македонско-Руската стопанска комора, по повод 10-годишнината од нејзиното основање.
На средбата беа разменети информации за активностите на Македонско-Руската стопанска комора, како и за севкупната економска и трговска соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација.
Упатувајќи честитки по повод 10-годишнината од основањето, претседателот Иванов изрази поддршка за активностите и иницијативите на Македонско-Руската стопанска комора, со цел натамошно унапредување на трговската размена.
На средбата претседателот Иванов апелираше за изнаоѓање на начини и можности за зголемување на извозот на македонски производи во Руската Федерација.