Претставници на МВР, односно од Секторот за полициски работи од општа и посебна надлежност во соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија, неодамна во Скопје организираа и спроведоа работилница тематски насловена како – “Комбинирана национална работилница за развој на ефективна и одржлива радијациона детекција“, со посебен акцент на капацитетите за одговор на граничните и интегрираниот центар за подршка на нуклеарна безбедност.
Подготовките за овој вид активности се започнати минатата година преку отпочнувањето на реализацијата на проектот за модуларни советодавни услуги за интегрирана нуклеарна безбеднос, односно системите за детекција и одговор (реакција) – Modular Integrated Nuclear Security Advisory Services (INSServ): Detection and Response Systems and Measures, како и изработката на Интергриран план за поддршка на нуклеарната безбедност – Integrated Nuclear Security Support Plan (INSSP).
Дополнително, целта на работилницата беше продолжување и на активностите на проектот која се состои од два дела и тоа: донирање на опрема за ХБРН заштита на граничните премини и изработка на интегриран План за нуклеарна безбедност на Р.Македонија.
Во рамки на работилницита на која покрај преставници на МВР и други институции надлежни по овие прашања учествуваа и претставници на Меѓународната агенциај за атомска енергија, меѓу другото, беше посочена потребата од формирање на Национален координативен механизам или тело за подршка на нуклеарната безбедност кое ќе биде одговорно за целокупната координација со сите активности на институциите во Р.Македонија и кое ќе биде раководено од една институција, а сите останати ќе му даваат поддршка согласно утвредниот делокруг на надлежности. Исто така констатирана беше и потребата од утврдување стандардни оперативни процедури за одржување на опремата за детекција на радиоактивен материјал на ниво на државата, како и прецизирање на надлежностите за нејзино одржување.