И покрај континуираното спроведување на акции и кампањи за подигнување на еколошката свест на населението, со цел да ја зачуваме околината од загадување и расфрлање на отпад чиј век на разградливост е многу долг, „Охридски Комуналец“ секојдневно се соочува со проблеми за подигнување на степенот на јавна хигиена.
Во близина на плажата „Горица “ -кај паркингот и во тревниот дел околу пристапните патеки собрани се 10 вреќи со комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)
Кај месноста „Алтанин Мост“ (потег „Булевар Туристичка“ – с.Орман) собрани се 13 вреќи со комунален отпад, информираат од претпријатието.