Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што денес во 13 часот се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј.
Луан Т. (19) од кичевското село Мамудовци на лице место го загуби животот во момент кога управувајќи моторцикл марка „Јамаха“ директно се судрил во задниот десен дел од патничко моторно возило „Фијат Добло“со кичевски регистарски ознаки.
Сега починатиот, моторциклот го управувал без заштитна кацига во правец од Осломеј кон Кичево и од засега неутврдени причини изгубил контрола по што удрил во задниот десен дел од возилото „Фиат Добло“ кое се движело во правец од Кичево кон Осломеј.
На местото на тешката сообраќајна незгода во тек е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Кичево како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.
Поради тоа сообраќајот на регионалниот пат Кичево-Осломеј е во привремен застој.Полициската станица од Кичево презема дополнителни неопходни мерки за утврдување на причините за тешката сообраќајна незгода.