Градоначалникот Никола Бакрачески, оствари средба со Вероника Скарборо – заменик шеф на политичкиот и економски сектор во Америчката амбасада во Скопје. Градоначалникот Бакрачески американската дипломатка ја запозна со актуелната економска состојба на Охрид и напорите на локалната самоуправа за подоборување на економските перфоманси на општината.
Во изминатиов период со штедење и елиминиирање на непродуктивние трошоци економската слика за работата на локалната самоуправа е подобрена, а во следниот период ќе треба да се изгради основа врз која ќе се темели идниот одржлив развој на Охрид – истакна Бакрачески. Во таа насока, со новата стратегија и пристап во развојот на туризмот, се преземаат мерки кои на долг рок ќе значата солидна основа за севкупниот развој на градот.