Индекси на работниците во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, изнесува 102.5. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, бележи опаѓање од 4.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.0%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.2%, Капитални производи за 22.5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7%. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2015 година, во однос на периодот јануари – февруари 2014 година, изнесува 102.8.