Ноќта спроти Благоец, осветување на лековитата вода во населба Рача

Точно на полноќ, на 6-ти април, ноќта спроти празникот Благовештение / Благоец,  во познатото манастирче кое го носи името Благовештение ќе се осветува лековитата вода која со векови тече крај манастирот.

Дента на 7-ми април ќе биде изложена светата икона која, според мештаните повеќе пати исчезнувала, но на денот Благоец, таа секогаш била вратена ,односно, одново се наоѓала во манастирот.

Мештаните, рачанци, ги покануваат сите добронамерни христијани на заедничко чествување на светаата икона и на лековитата вода.

blagoec

WebOhrid