ДЗС: Намален бројот на ученици во 2013/2014

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2013/2014 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 190 541 што претставува намалување за 1.8% во однос на претходната учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2013/2014 година изнесува 84 827 што претставува намалување за 4.2% во однос на претходната учебна година.