Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, како и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.
„Во мое име, и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви упатувам срдечни честитки на Вас, и на граѓаните коишто го празнуваат денешниот најголем христијански празник Воскресението Христово Велигден.
На сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, и Вам лично, Ви посакувам да ги поминете Велигденските празници во духовен мир, семејна хармонија и во добро здравје.
Искрено верувам дека сите ние заедно се залагаме за создавање подобра, посветла иднина за Република Македонија кадешто меѓусебното разбирање, взаемното почитување и толеранцијата меѓу сите граѓани ќе бидат основни темели за заеднички и спокоен живот“.- стои во честитката.